Активисти на организацијата „Just stop oil“ фрлија супа од домати врз ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ во Националната галерија во Лондон.
Две жени влегле во собата во галеријата на плоштадот Трафалгар околу 11 часот, јавуваат странските медиуми.
Тие ја фрлиле две конзерви супа од домати врз сликата, чија вредност се проценува на 72,5 милиони фунти, пишува СкајЊуз.
– Што вреди повеќе? Уметноста или животот? Дали вреди повеќе од храната? Вреди повеќе од правдата?, извика еден од активистите.
Оние кои се нашле на лице место не можеле да поверуваат што се случува.
Погледнете го клипот:
Activists with @JustStop_Oil have thrown tomato soup on Van Gogh’s Sunflowers at the national Gallery and glued themselves to the wall. pic.twitter.com/M8YP1LPTOU
— Damien Gayle (@damiengayle) October 14, 2022