На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на ПЕС.
Меѓу првите, новата функција ѝ ја честитаа поранешниот и сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.
Европските социјалдемократи и социјалисти добиваат квалитетно засилување во раководната структура. Нашата другарка Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (Party of European Socialists), за што треба да сме горди сите ние како социјалдемократи , но и сите македонски граѓани .
Ова е голема чест за СДСМ и за Македонија бидејќи претставува потврда на квалитетите на Радмила и потврда на сите успеси кои заедно со СДСМ и со граѓаните и ги донесовме на нашата држава.
Radmila Sekerinska, честитки, заслужено, напиша Заев.
Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која се уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор, стои во честитаката на Ковачевски.