Американската амбасадорка во Тирана, Јуриј Ким, се сретна со албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, а фокусот на разговорот беа кибер-нападите врз државните институции од страна на ирански хакери.

За средбата информираше амбасадорката Јуриј Ким преку објава на социјалните мрежи во која стои дека со министерот Пелеши разговарале за одбранбената соработка меѓу САД и Албанија, вклучително и зајакнување на кибер-одбраната на Албанија.

– Раководството на Соединетите американски држави- вклучително и секретарот за одбрана во НАТО во октомври – јасно ставија до знаење дека ги осудуваме кибер-нападите што ги започна Иран против нашиот сојузник во НАТО. САД секогаш силно ќе ги поддржуваат напорите на Албанија да го заштити својот народ и територија и да придонесе за целта на НАТО да ја гарантира слободата и безбедноста на сите сојузници, пишува амбасадорката Ким.

Владините системи, како и оние на Министерството за внатрешни работи и други институции беа цел на силни кибер-напади, за што вината ја презеде иранската група “Татковинска правда”.