Привремениот лидер на Алијанса за Албанци Арбен Таравари потврди дека услов за внсување на Бугарите во Уставот на Македомнија, ќе биде да се брише одредбата од 20 проценти за официјална употреба на албанскиот јазик.

Тој, како што рече, услов е македонскиот и албанскиот јазик да бидат рамноправни како што биле во официјална употреба во бивша Југославија.

– Следната недела ќе поднесеме сет на барања и предлози како услови да гласаме за уставните измени, рече Таравари на денешната прес-конференција.

На прашањето дали Алијанса ќе влезе во власта, Таравари вели дека нема покана и дека такви вести спинува ДУИ за да ги скрие проблемите со фракциите и зашто таму „не се знае кој со кого е“.