Македонскиот спикер Талат Џафери е одликуван со Орден од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател потпиша указ за одликување на неколку странски политичари со Орденот на кнезот „Јарослав Мудриот“.
Како што информира Censor.NET, соодветната уредба бр.734/2022 е објавена на веб-страницата на шефот на украинската држава.
Добитници на Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, како што е објавено, покрај Џафери се Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.