Утре, во Прага, Чешка Република, ќе учествувам на Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– За време на работната посета ќе остварам билатерална средба со првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Република Чешка, Вит Ракушан. По завршување на Министерската конференција, заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, и заменик претедателот на Собранието на Киргистан за миграции Медер Рахман ќе одржиме заедничка прес-конференција, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук, а истото соопштение е пренесено и на профилот на МВР.
Спасовски пред два дена се врати од Берлинскиот процес, каде што предводеше делегација од МВР. Тој во македонската амбасада во Берлин го прослави и 46 роденден.