„Уставните измени не се прашање на изјава, туку на процедура во која ќе бидат вклучени сите политички чинители и експерти и од позиција и од опозиција. Сите тие ќе имаат различни видувања на уставните измени, во однос на тоа што треба да се унапреди. Ние ќе разговараме, но треба да имаме пред нас визија за што ги правиме уставните измени“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.
Тој додаде дека овие уставни измени се прават за побрзо продолжување на патот кон ЕУ, на веќе почнатите преговори, се со цел Македонија до 2030 година да стане членка на Унијата.
„Тоа е клучната цел и причина зошто треба да направиме уставни измени со кои ќе ја збогатиме нашата држава и Устав. Со внесувањето на други граѓани од државата, кои сега не се дел од Уставот, а живеат кај нас“ рече Ковачевски.
Премиерот изрази оптимизам дека пратениците имаат капацитет за таква одлука и дека пратениците ќе ги изгласаат уставните измени.