ПРОНАЈДЕН ИСЧЕЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН: Полицијата по потрагата денеска го пронашла Штерјо Наков во селото Орешани

/ 03.11.2022

Бизнисменот Штерјо Наков доцна вечерва бил пронајден од полицијата во селото Орешани, откако неколку часа се водеше за исчезнат, дознава Радио Лидер од извори во МВР.

Како што дознаваа Лидер, во нарушена здравствена состојба Наков бил пронајден во Орешани, но сепак бизнисменот е надвор од животна состојба.

-Сепак семејството не сакаше да споделува детали за неговата здравствена состојба, односно здравствената причина поради која тој исчезнал, вели нивниот извор.

Неговото семејство вечерва го пријавило Наков за исчезнат.


Од истата категорија