Македонската ракометна репрезентација денес ќе го има својот прв настап на Европското првенство 2022.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочат Франција. Иако Французинките важат за апсолутни фаворитки, Македонките најавија борбена игра и максимално залагање во обидот да направат изненадување.
Нашите репрезентативки апелираат до навивачите да дојдат во салата во што поголем број и да им дадат поддршка.
– Со срце за Македонија – порачаа од таборот на македонската репрезентација.
Ова ќе биде натпревар од Ц-групата која се игра во Скопје. Во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“ ќе играат Холандија и Романија.
Инаку, на првиот натпреварувачки ден на ЕХФ Еуро 2022 постигнати се овие резултати:
Данска – Словенија 26:28
Унгарија – Швајцарија 33:28
Норвешка – Хрватска 32:23
Шведска – Србија 27:21.