„Длабоко вознемирувачки“ се деталите за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги нагласува ЕУ во соопштение и според нив, потребна е „континуирана темелна и веродостојна истрага“.
За ЕУ продолжуавњето на истрагата треба да донесе „соодветно појаснување“ заоколностите за убиството и да се обезбеди целосна одговорност на сите вмешани во убиството.
Саудиските официјални лица соопштија дека Кашоги бил убиен за време ан расправија со саудиски лица во Конзулатот на Саудиска Арабиај во Истанбул на 2 октомври.