Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при посета на Велика Британија изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил стратешки грешки кога наредил напад врз Украина.

– Претседателот Путин направи неколку големи стратешки грешки кога ја нападна Украина, изјави Столтенберг за новинарите пред домот на британскиот премиер во Даунинг стрит.

Столтенберг тврди дека првата грешка била потценувањето на храброста на Украинците и нивната посветеност да се борат и да ја заштитат својата земја.

Тој го наведе потценувањето на способноста на членките на НАТО да и дадат силна поддршка на Украина како втора грешка на Путин.

Столтенберг нагласи дека поддршката за Украина ќе продолжи, без разлика што има и такви кои не се согласуваат со продолжување на помагањето на Украина.

– Она што го видовме е дека сојузниците и партнерите на НАТО и дадоа поддршка без преседан на Украина. И она што го гледаме кога ќе ги погледнете анкетите, политичките пораки од различни земји-сојузници на НАТО, е дека сме подготвени да продолжиме да даваме поддршка сè додека неопходно, рече генсекот на НАТО.