Американскиот Институт за воени студии (Institute for the Study of War) во својот најнов извештај наведува дела Украина има иницијатива на фронтот и е на пат да постигне огромна победа во регионот Херсон.
– Дополнително, украинското ослободување на Херсон нема да биде последната победа на Украина во војната, оценува Институтот за воени студии.
Аналитичарите на Институтот предвидуваат дека борбите ќе продолжат не само на југ, туку и околу градот Бахмут во источниот регион Доњецк, единственото место каде руските сили сè уште се обидуваат да нападнат и да заземат територија.
Додека според Институтот за воени студии во северниот регион Луганск украинските сили продолжуваат да вршат контранапад.
Русија вчера потврди дека нејзините сили се повлекуваат од регионот Херсон, а украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ослободила дури 41 населба.