Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска на социјалните мрежи демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран на Бали.
Неколку светски агенции, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно објавија дека на Лавров му била укажана лекарска помош поради проблем со срцето.
И Министерството за надворешни работи на Русија демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран.
Захарова напиша дека седи со Лавров и оти не верува во тоа што го чита во медиумите.
– Сергеј Викторович и јас ги читаме вестите во Индонезија и не можеме да им веруваме на нашите очи: излегува дека е хоспитализиран. Ова е, се разбира, лага, напиша Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.
Лавров хоспитализиран на Бали
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше пренесен во болница по слетувањето на Бали каде што требаше да присуствува на самитот на Г20.
Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат идентификувани бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за тоа прашање.
Двајца од нив рекле дека Лавров имал проблеми со срцето.
Официјални претставници на локалната руска Амбасада досега не биле достапни за контакт.