Поради минирање денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица, на потегот од село Истибање до Македонска Каменица, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Од АМСМ информираат и дека претпладне од 10:30 часот е нормализиран соообраќајот на магистралниот пат Скопје-Приштина.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.