Свесни сме за извештаите во медиумите дека два руски проектили погодиле локација во Полска во близина на украинската граница.

Можам да ви кажам дека во овој момент немаме никакви информации што би ги потврдиле овие извештаи и дека дополнително го истражуваме тоа“, рече портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Да потсетиме, новинар на АП напиша дека висок американски функционер потврдил дека руски ракети ја преминале границата и влегле во Полска.

Полските медиуми претходно објавија дека во селото Пшеводов се случила експлозија, при што загинале две лица. АП објави изјава на неименуван американски функционер, кој рече дека руски ракети паднале на полска територија.