Американскиот претседател Џо Бајден им честиташе на републиканците за освојувањето мнозинството во Претставничкиот дом на САД, велејќи дека е подготвен да работи со нив.
– Му честитам на лидерот на (малцинството во домот) Кевин Мекарти што републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и подготвен сум да работам со републиканците во Претставничкиот дом за да постигнеме резултати, рече Бајден во изјавата објавена кусо откако американските медиуми ја прогласија трката за завршена.
– Ќе работам со секој – републиканец или демократ – кој е подготвен да работи со мене за да дадеме резултати за американскиот народ, додаде Бајден.