Од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава СВЕДОК од извори во обвинителството.
Доказите исчезнале во периодот кога обвинителството беше обезглавено и со него раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.
СВЕДОК од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив.
Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично, во текот на месец август, ги снемало.
СВЕДОК има детали за кој случај станува збор, што го отворило македонското обвинителство и за кое помогнала европската институција, но сега нема да открие детали, бидејќи предметот е во истрага, која во оваа фаза е тајна.
Наши извори од двете организации објаснуваат дека европски претставници во текот на август лично ги доставиле доказите до ОЈО ГОКК, за тоа добиле потпис за примени материјали, но не се сигурни дали тоа било ден пред суспендирањето или ден по суспендирањето на обвинителката Вилма Рускоска. Но, сигурни се дека доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор.
-Паниката се создаде кога европската институција побара информација дали доказите се земени во работа и се дел од постапката што се води во Македонија. Тогаш никој не знаеше каде се доставените докаи- тврди за Сведок извор од ЈОРМ.
Од лов на диви свињи, треба да помине во лов на исчезнати докази (Ислам Абази, лево, во лов)
Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап.
Затоа, нема информација дали доказите се спакувани во некоја вреќа заедно со другите материјали кои биле во фиоките во работното биро, или пак, некој намерно или ненамерно ги отстранил доказите, насетувајќи за кој предмет се работи и знаејќи ја конспиративноста на Европјаните кои барале доказите да бидат доставени лично.
Цела среќа е што доказите биле доставени на носач на податоци и можат повторно да се достават, но нашите извори не кријат дека ова било шок за доставувачот на доказите и начинот на кој тие исчазначе намерно или од немарност,
Новиот обвинител Абази покрај тоа што треба да открие каде исчезнале доказите ќе мора многу да се труди да ја врати довербата кај европските партнери кои биле скандализирани од овој случај.