Овој автопат мора и ќе добие на динамика затоа што инфраструктурата значи интензивирање на економските релации, и ние мора да вложуваме во патна инфраструктура, вели премиерот Димитар Ковачевски за автопатот Охрид – Кичево при посетата на тунелот што „Кинезите погрешно го дупнаа“ во време на „режимот на Груевски“.
– Оваа Влада е посветена и прави се за европската иднина на земјата за економски развој на С. Македонија, подобра сообраќајна поврзаност и пред се на подобар живот на сите граѓани. Моето претходно искуство вели добар план и добро менаџирање на процесите нема недостижна цел, вели Ковачевски во изјава за медиумите.
Тој објавува и видео запис од посетата на тунелот на автопатот. Но, истиот премиер Ковачевски денеска рече дека целта се постигнува само со напорна работа, а не со изјави пред медиуми и интервјуа.
Пред два дена и министерот во неговата Влада, од ресорот за патишта, Благој Бочварски рече дека актуелната власт градела многу повеќе капитални објекти отколку претходната, но не оделе на терен со камери и не сакале да се сликаат.
Во два дена премиерот и министерот двапати се демантираат себе си: На терен одат со камери и се снимаат на автопат кој никој не знае кога ќе биде завршен, а требаше да е готов пред неколку години. Исто така, Ковачевски сам се демантира оти „напорно дава изјави“ секој ден, и како премиер и како партиски лидер.
За да нема забуна, во времето кога власта на поранешниот премиер Никола Груевски ја почна изграбата на автопатот, приврзаниците на тогашната опозиција СДСМ, која сега е власт која ја предводи Ковачевски, во „креативните“ измислици ја пласира и таа дека „Кинезите грешно го пробиле тунелот“. Истите Кинези кои градат чуда не само во Кина туку и ширум светот и го градата автопатот Кичево – Охрид.
Видеото може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)