Камион со товар утрово, по којзнае кој пат, пропадна на скопскиот плоштад во близина на фонтаната пред споменикот Воинот на коњ.
Се работи за возило на приватна компанија кое со предните тркала пропаднало во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана.
Јавноста веќе не се сеќава по кој пат камион пропаѓа на плоштадот. Последниот случај беше летово кога камион пропадна на местото на партерната фонтана.