Франција повикува да не се носат избрзани и еднострани одлуки за Договорот за уништување ракети со краток и среден дострел (ИНФ). Тоа го изјави портпарол на француското Министерство за надворешни работи.
-Ги повикуваме сите страни да избегнуваат еднострани и избрзани одлуки, кои ќе предизвикаат жалење, рече неименуваниот дипломат.
Според него, францускиот претседател Емануел Макрон го информирал својот американски колега Доналд Трамп дека Франција му придава големо значење на овој договор меѓу САД и Русија поради „европската безбедност и стратешка стабилност”.