Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека ја предупредил армијата и сојузните погранични власти дека мигрантскиот караван од средна Америка е прашање од национален интерес и дека САД прекинуваат со помош за тој регион.

„Гватемала, Хондурас и Салвадор не беа во состојба да ја завршат работата и да ги спречат луѓето да ја напуштат својата земја и да дојдат илегално во САД”, напиша утрово Трамп на Твитер.

„Сега ќе почнеме со прекинување или значително намалување на огромната странска помош што им беше рутински дадена”, најави американскиот претседател. Тие три држави добија повеќе од 500 милиони долари од САД во фискалната 2017 година.