Телевизиската мрежа Си-Ен-Ен денеска објави инсерти од камера за набљудување, на кои се гледа еден човек кој шета во Истанбул во облека на новинарот Џамал Кашоги откако тој бил убиен.

Си-Ен-Ен ги пренесува наводите на еден турски официјален претставник кој вели дека човекот од инсертите е „дублер“ и дека бил член на 15-члениот саудиски тим испратен во Истанбул за да го убие Кашоги.

Телевизијата соопшти дека човекот излегол од Конзулатот на задниот влез со негов соработник, по што се возел до познатата Султан Ахмедова џамија, каде што влегол во јавен тоалет и се пресоблекол.

Турската телевизија ТРТ подоцна објави дека човекот кој влегол во зградата на Конзулатот подоцна е  виден како излегува од неа во облеката на Кашоги.