По тешко боледување, утрово на 77-годишна возраст почина проф. д-р Јовица Угриновски, основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика”, информираа попладнево од оваа здравствена установа.

– Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, се наведува во соопштението на болницата на социјалните мрежи.