Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 истакна дека сепак повеќето граѓани во Македонија се за Европската Унија.
Во тој контекст, тој наведе дека ќе има политички мотивирани пречки кои се надминливи.
– Јас мислам дека сепак, повеќето граѓани се за Европската Унија и дека ќе најдеме сила да ги надминеме овие проблеми, кои што ги имало и во други држави, не само кај нас. Имало и предрасуди дека нема да можеме да печеме ракија, дека нема да можеме да правиме ајвар… Сето тоа се предрасуди и пропаганда кои што треба да ги надминеме. Денеска и во Словенија и во Хрватска сите овие активности се дозволени, па живеат многу понапредно и позадоволно од она што било пред 10-15 години, да речеме пред да влезат во ЕУ, рече Маричиќ.