(видео) НАПАД ВО СКОПЈЕ: Вооружени лица рано утрово нападнале чувар во ТЦ Поинт ретаил парк и со експлозив разнеле банкомати

/ 07.12.2022

Вооружен напад се случил рано утринава пред 6 часот во Трговскиот Центар во населбата Топанско Поле, објави ТВ Телма.

Неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнале чуварот во трговскиот центар Поинт ретаил парк и запалиле неколку банкомати. Поради тоа утрово полицијата го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот.

„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица М.К.Бригада во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Видеото може да го отворите ТУКА.


Од истата категорија