Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер денеска најави дека ќе гласа против пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел.
Европските министри мора да одлучат и за приемот на Хрватска во Шенген, кој, доколку не дојде до изненадувања, би требало да се одобри, пренесе Бета.
Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска во Брисел треба да гласа за две одлуки за влез во Шенген, при што првата одлука се однесува на Бугарија и Романија, а втората на Хрватска. Одлуките треба да се носат едногласно.