Македонија сама си ја проблематизира историјата со потпишувањето на договорот со Бугарија и ќе следуваат уште понепријатни ситуации, смета историчарот Тодор Чепреганов. Тој порачува дека историската комисија треба да се распушти, затоа што со овие преговори македонската историја добива бугарски наратив.
И професорката Виолета Ачкоска го дели истиот став. Според неа Македонците се доведени во апсурдна ситуација да докажуваат дека во Втората светска војна се бореле против фашизмот, кога тоа е општо познат факт.
За да се надминат недоразбирањата, историјата треба да им се препушти на научниците и да не е дел од политичките договори, смета претстедателот на здружението на историчари, професорот Митко Панов.
Научници, истражувачи, историчари се дел од научен собир што го организира струмичкиот музеј, а темата е Епаминонда Поп Андонов и народноослободителното и антифашистичкото движење во Втората светска војна.