Буквално на моменти ми се гади од оваа општеството. Албанец кој што знае како е да бидеш дискриминиран се обраќа на келнер со зборовите: па, научи албански, твитна новинарот Фуркан Салиу.

– А можеше многу лесно и кратко да се разбере на јазикот кој што го знаат и двајцата. Е, од ваков „патриотизам“ патиме, објави Салиу на Твитер.

Салиу е познат во јавноста со повеќе провокативни настапи, каков што беше и еден од последните, разговорот со екс директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова, која по скандалот со енормните плати и дежурствата си поднесе оставка.