Собранието на Република Македонија за седницата што е закажана во вторник, (13 декември 2022 г.) како 18 точка на дневен ред го има ставено Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Според измените на законот се предвидува ограничување на правото на движење на неимунизирани лица во молови, ресторани и други јавни објекти.
Во предлогот во член 10 пишува: „…Забрана за влез во објекти за лица кои не се имунизирани или не поседуваат потврда за прележана болест“.
Овој Предлог закон е ставен со т.н. европско знаменце, што значи итно усвојување, без право на поднесување никакви амандмани.
Дневниот ред на седницата на Собранието може да се види на сајтот на Собранието, на овој ЛИНК.
(Д. Г.)