Авторите треба да обрнат поголемо внимание при пишувањето на учебниците, но исто така внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на книгите, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со актуелната ситуација со пропустите во учебникот за петто одделение.
На прашање дали ќе побара одговорност од министерот за образование и наука, Ковачевски рече дека министерот не ги пишува учебниците, туку авторите.
Министер за образование и наука не ги пишува учебниците. Учебници пишуваат автори, рецензија прават рецензенти. Затоа, онаму каде што се појавиле грешки при пишувањето на книгите, при нивното рецензирање, тие ќе треба да бидат вратени и да бидат заменети со текстови кои што ќе бидат напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса, и како такви повторно дистрибуирани, изјави премиерот по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.