Канадската Влада денеска соопшти дека ќе започне процес на конфискација на имотот на рускиот олигарх Роман Абрамович, вреден 26 милиони долари.

Канада ги презеде неопходните формални и правни чекори за конфискација на имотот на „Granit Kapitol Holdings Ltd“ во сопственост на Абрамович, кој е опфатен со сегашните санкции против Русија поради нападот врз Украина.

По тој повод се огласи канадската министерка за финансии, Кристиа Фриланд, која ги нарече руските олигарси соучесници во „нелегалната и варварска инвазија на Украина“.

„Затоа Канада нема да биде рај за нивниот незаконски стекнат имот“, рече таа.