Премиерот Димитар Ковачевски во изминатиов период често го гледавме на ќебапчиња во Гостивар, тост сендвич на Широк Сокак, мортадела во РЕК Битола, на гравче во студентска менза во Скопје и на многу партиски трибини на СДСМ низ Македонија.

На последната, завршната во Скопје, очигледно ожеднал од народната храна, како и од секојдневните говори за неговата борба за поарен живот на сите граѓани.

По толку народна храна и партиски трибини, жедта го наваса премиерот, а водата е најсовршен пијалак да ја изгасне жедта. На здравје!

Видеото може да го отворите ТУКА.