Радикализираниот напаѓач, кој денес изутрина во белгискиот град Лиеж уби две полицајки и еден минувач (22), е идентификуван како Бенџамин Херман, изјави државниот обвинител Филип Дулие. Тој исто така рече дека нападот се третира како терористички акт.
Локалните медиуми објавија дека Херман во понеделникот бил привремено пуштен од затвор каде отслужувал казна за тешки казниви дела, како грабеж, напад и растурање дрога.
Наводно, тој во понеделникот вечерта бил пуштен од затвор на неколку часа за да се види со родителите и за да се подготви за реинтеграција во општеството пред конечен отпустод заторската установа, и покрај оценки на затворската служба дека е многу насилен. Тие, исто така, пишуваат дека во затворот се дружел со неколку радикални исламисти.
Истрагата се обидува да открие дали и тој самиот преминал во ислам и дали навистина се радикализирал во затворот.
Напаѓачот не бил на листата осомничени терористи, наведуваат медиумите.
Беџамин Херман (30), наводно полицајките ги нападнал од зад грб со нож, додека тие вршеле контрола на уредите за наплата на паркинг, а потоа на една од полициајките и го одзел огненото оружје и почнал да пука. Во трагичното пукање ги убил двете полицајки и уште едно лице кое било во автомобил, случаен минувач. Весникот „Ла либр Белжик“ пишува дека напаѓачот извикувал „Алаху акбар“ (Алах е голем).
Напаѓачот потоа побегнал од местото на злосторот и се сокрил во едно средно училиште, каде држел една службеничка како заложник Настанала престрелка со специјалците при што биле ранети двајца полицајци, а напаѓачот бил убиен. Заложничката поминала без повреди. Не настрадало ниту едно дете од училиштето.