Поранешниот премиер Никола Груевски иронично реагира на изјава на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, во врска со украдени и вратени икони од Албанија.
– Отиде годината, не разбрав кои браќа и сестри од други религии се молат во православни манастири во Македонија, пред православни икони…, објави Груевски на неговиот профил на Фејсбук.
Тој ја постира и изјавата на Ковачевски во врска со иконите, во која Ковачевски во занес од „успехот“ со враќањето на украдените икони од Албанија, благодарение на неговиот колега Еди Рама, изјавува дека пред нив сега пак може да се помолат „сите наши православни верници“, но „и сите други браќа и сестри од другите религии“!