Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска повторно ќе се обиде да избере претседател и да ја надмине блокадата предизвикана од раздорот во Републиканската партија.
Седницата е најавена за денеска во 12 часот по локално време.
Фаворитот, републиканецот Кевин Мекарти, не беше избран ниту по три дена дискусија и 11 круга гласање.
Првпат по повеќе од 100 години не може да се избере претседател на Претставничкиот дом на САД. Блокадата има конкретни последици бидејќи без неа членовите на Конгресот не можат да положат заклетва или да гласаат закони.
Републиканската партија освои тесно мнозинство на парламентарните избори одржани во ноември минатата година.