Македонија во своето вооружување има повеќе тенкови од девет членки на НАТО, според специализираниот американски портал Глобал фајерпауер и се наоѓа на 103-то место од 145 земји според бројот на тенкови, од кои само 114 имаат вакви оклопни борбени возила.

Македонија, според овој специјализиран портал за вооружување, има 31 тенк односно повеќе од своите сојузници во НАТО – Словачка која има 30, Холандија 18, а Белгија, Литванија, Естонија, Летонија, Исланд, Црна Гора и Луксембург ниту еден.

Во регионот повеќе тенкови од Македонија имаат Турција (2.229), Грција (1.365), Романија (413), Бугарија (410), Србија (242), Унгарија (176), Босна и Херцеговина (124), Хрватска (75), Словенија (48) и Албанија (40).

На прво место во светот е Русија со 12.566 тенкови, пред Северна Кореја со 6.445, САД со 5.500, Кина со 4.950, Египет со 4.664, Индија со 4.614, Иран со 4.071, Пакистан со 3.742, Сирија со 2.616, Јужна Кореја со 2.331 итн.

Минатата година Македонија испорача тенкови како воена помош на Украина, Министерството за одбрана потврди, но не кажа точно колкутенкови.