Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги осудува сите акти на насилство, како тој во Охрид и очекува властите да го истражат случајот.
Ги осудуваме сите акти на насилство како што е овој. Очекуваме властите брзо да го истражат случајот и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, се вели во одговорот од Делегацијата на ЕУ, на прашање од МИА за коментар на синоќешниот инцидент во Охрид.
Инцидентот претходно го осудија и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот Османи, како и бугарскиот премиер Галеб Донев, бугарскиот претседател Румен Радев и бугарското МНР.