Во детали не можам да одговорам зошто Алијанса одлучува да оди или не одлучува, бидејќи и самите немаат се уште одговор. Но, мислам дека треба да си го одговорат искрено кон себе прашањето за влегувањето во владата во овој момент кога се наоѓаме на околу 500-тини дена до регуларни избори. Било кога да се случат во регуларниот термин тоа се 400-500 дена од денеска, дека тие за тие 400-500 дена нема да решат коруптивни прашања, нема да ја внесат Македонија во ЕУ туку единствено ќе им служат на интересите на Артан Груби и на Али Ахмети. Затоа што интересот е исклучиво на врхушката на ДУИ за да им се стабилизираат пратениците во Собранието, за да внатрепартиските проблеми на ДУИ да не стануваат владини проблеми“, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Андоновски додаде дека тој не мисли дека ВМРО-ДПМНЕ трпи штета што Алијанса сака да влезе во владата на СДСМ – ДУИ.
„Јас не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ трпи штета. Зошто? Затоа што ние ова што го правиме за предвремени избори, го правиме затоа што македонските граѓани сметаат дека оваа Влада треба да замине. Не го правиме од чисто партиски причини. Да беше чисто партиска причината најлесно ни е да почекаме до 2024-та година, затоа што оваа влада нема што да покаже со 2024-та туку може само да згреши, а тоа го прави секојдневно со секојдневни скандали. И до 2024-та година нивната поддршка од граѓаните од некои 11-12% колку што има СДСМ сега ќе има околу 9-8% па дури и 7%. ВМРО-ДПМНЕ може само да расте со резултатите на нашите пратеници“, нагласи тој.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е државничка партија, го слуша гласот на граѓаните, а во моментот гласот на граѓаните бара предвремени избори и промена на власта,
„Но, ние сме се заложиле кај граѓаните дека сме државничка партија и која што ги слуша и ја слуша патеката која што народот ја бара од нас. А, граѓаните во моментот бараат промена на власта и бараат предвремени избори“, рече Андоновски.
„Она што како алатка стои најмалку 20 пратеници во Собрание да поднесат барање за доверба на Влада и тоа стои како алатка и го користеле сите опозиции претходно. Можеме и ние да го користиме како алатка, и мислам дека од тоа не би се откажале до крај. Но, сметавме дека подобро е да има избори порано во годината отколку да има избори во септември – октомври кои што се многу блиску со редовниот термин односно со претседателските избори наредната година. И не сакаме да ги изложуваме граѓаните на дополнителни трошоци за 2-3 месеци разлика. Фактот останува дека избори ќе има и ние се уште мислиме дека тоа ќе бидат предвремени избори затоа што се уште мислиме дека има критична маса на пратеници кои што би гласале за распуштање на Собранието и за гласање на доверба на Владата и организирање на предвремени избори. Но, одговорноста и обврската е на секој од тие пратеници“, нагласи Андоновски.
Тој додаде дека постои бран на промени, и токму тој бран се чувствува. Општеството го чувствува, пратениците го чувствуваат, граѓаните го чувствуваат. На тој бран на промени СДСМ сака да одговори со сила, со закани, со уцени, типичен манир на полукриминални структури. СДСМ сака на тој начин да го уништи тој бран. Но, тој бран е општествен и постои. Така да сите пратеници кои што се чувствуваат дека се дел од тој бран, општествено движење кое што сака промени ќе се приклучат на ВМРО-ДПМНЕ.