Православните христијански верници во Македонија денеска го чествуваат споменот на Свети Јоаникиј Ракотонски, кого МПЦ-ОА во 2017 година го прогласи за светител.
Тој е роден на 20 јануари 1847 година а починат во скопското село Ракотинци на 24 јануари 1940 годинатој е македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник, објави Скопско ехо.
Моштите на архимандритот се сметаат за свети од страна на православното население во Македонија бидејќи и после 70 години од неговата смрт тие се во одлична зачувана состојба.
За ова свето лице денес има многу малку зачувано податоци, но се знае само годината на раѓање. Според мештаните, архимандритот го нарекувале Дедо Аџија и потекнувал од Охридско. Исто така, според тврдењата, пред да се досели во с. Ракотинци, архимандритот живеел монашки живот во Марковиот манастир. Во неговото време, тој бил сметан за најобразована личност во околината. Преподобен Јоаникиј Ракотински, покрај тоа што бил архимандрит, тој работел повремени и како учител и локален судија. Доста познат е и по неговите познавања од областа на медицината и бил сметан за лекар.
Вниманието на пошироката македонска православна јавност било привлечено со, како што се верува, чудесното појавување на моштите на ова свето лице. Како што се знае, архимандритот живеел и служел во црквата во селото Ракотинци, Скопско. Тој починал на својата 101 годишна возраст и неговата желба била да почива во истото тоа населено место. Додека сè уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.
Целата статија може да ја прочитате во Скопско ехо на овој ЛИНК.