„… И затоа, јас веќе кажав во изминатите денови, да, ние мора да сториме повеќе да ја одбраниме Украина, да, ние мора да им дадеме повеќе тенкови, но најважниот и круцијален дел е дека мора да го сториме тоа заедно и дека не смееме да се обвинуваме меѓусебе во Европа, зашто ние сме во војна со Раусија, а не едни против други меѓу нас.“
Ова е изјава на германската министерка за надворешни рабпти Барбок што може да се види и чуе на Јутуб, без поголем опис за тоа каде и кога е дадена изјавата. Но, евидентно е дека тоа е сторено во последните денови, а со оглед на тоа што претседавачот со оваа седница зборува на англиски јазик веројатно станува збор за некое тело во рамки на ЕУ. Ова е прва децидна изјава дека ЕУ и Германија се во војна со Русија, што е спротивно од изјавите кои доаѓаат од Вашингтон и според кои САД не се во војна со Русија, став кој изречно го кажува претседателот Бајден.