Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег ќе направи уште еден обид да го ангажира играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Според „Барса Универзал“ Тен Хаг на лето ќе направи обид за трансфер на Де Јонг.
Забележано е дека самиот фудбалер во приватен разговор со тренерот му признал дека е подготвен да се приклучи во таборот на „Црвените ѓаволи“ по завршувањето на тековната сезона.
Дваесет и петгодишниот Холанѓанец дојде во Барселона од Ајакс во јули 2019 година.
Оваа сезона Де Јонг забележа 23 настапи за шпанскиот клуб, постигнувајќи два гола и една асистенција.