Нашиот народ два пати во годината го празнува споменот на свети Атанасиј Велики, познат и како Танасовден. Еднаш во јануари, а потоа и во мај.
Денеска на 31 јануари се слави празникот Танасовден зимен, а на 15 мај Танасовден летен.
Свети Атанасиј, наречен Велики, е роден во Александрија во 295 година.
Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики, кој се слави ден пред Танасовден, односно на 30 јануари. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.
Денеска именден празнуваат Атанас (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…