Највисока реализација досега на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра. Реализирани се 1300 километри патна инфраструктура, во вкупен износ од преку милијарда евра. Започната е изградбата на железничка пруга во вредност од 600 милиони евра.
Оваа вест, спонзорирано на Фејсбук, ја изјавува и ја врти премиерот Димитар Ковачевски на неговиот официјален профил. Истата ја објавуваме со ограда колку е вистинита, за да не дојдеме во судир со вистиномерите во Македонија, бидејќи деновиве беше објавено дека наместо 1.300 се изградени само 13 км нови патишта.
– Комплетирана е изградбата на гасоводот од Жидилово до Битола и многу други капитални проекти значајни за граѓаните и стопанството. За оваа година во буџетот испланиравме дури 51,8 насто повисоки капитални инвестиции. Сето ова го правиме за да обезбедиме европска перспектива на земјата и европски услови за живот на граѓаните. Со визија и напорна работа нема недостижна цел!- вели Ковачевски во спонзорираната објава на Фејсбук.
Истава изјава Ковачевски ја врти повеќе денови. На истата реагираше и пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека „актуелниот премиер лаже повеќе и од бившиот“:
– Ковачевски почнува да лаже повеќе и од неговиот претходник, а со манипулацијата за 1.300км нови патишта и за автопатот Охрид-Кичево го потценува здравиот разум на граѓаните во цела Македонија, реагираше Милошоски.
(Д. Г.)