Изградивме 1.300 километри нови патишта во последните пет години, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Градиме квалитетна инфраструктура која на долг рок ќе придонесе кон нашиот економски развој и ќе овозможи подобар живот за сите. Градиме патишта кон нашата европска иднина. Нема недостижна цел!- објави Ковачевски на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Неговата „изградба на Фејсбук“ е збогатена и со видео прилог.

Во објавата на Ковачевски „во недела попладне“ нема ниедна информација за изградба на автопат, бидејќи актуелната власт не изгради ниту еден, а постојано го пролонгира рокот за чочекот за автопатот Кичево – Охрид, кој во добар дел го изгради претходната власт.

Од актуелната власт на бившиот премиер Зоран Заев и неговиот наследник Ковачевски, Македонија доби само неколку чочеци за пуштање на автопати изградени од претходната власт. Најславен и натаму останува кај тунелите во Демир Капија.

(Д. Г.)