Кај ветената фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово веќе пет месеци остана само камен-темелникот, објави ТВ Алсат.

Иако беше планирано во рок од осум недели да почнат работите за нејзина изградба, од 13 август освен лопатите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министри, директорите и партиските лидери, на парцелата за „Е-Go“ во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово нема други машини.

Иако трипати беа прекршени роковите за старт на изградбата, од Дирекцијата за ТИРЗ и натаму тврдат дека сè се одвива според планот и оти наскоро ќе почне изградбата на фабриката. Велат дека ангажирале надворешни ревизори за да ја следат динамиката.

Така, денеска Ковачевски објави дека „изградиле 1.300 км патишта во Македонија“, но по нив во блиска иднина нема да се движи електричен автомобил произведен во Тетово.