Организиран криминал, ова е насловот на новата објава на потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани кој не престанува со објавување на како што вели тој криминалите на ДУИ. Од луксузни имоти, лиценци за Лотарија на Македонија, па се до казина. Тој вели дека зад втората лотарија во Македонија стои ДУИ, односно разработен систем кој се финансира со илегални пари од коцкањето.

„Главен, за втората лиценца за ЛОТАРИЈА во МАКЕДОНИЈА, е фирмата „НОВОМАТИК“. Сè започнува со казиното во Гевгелија, кое го води ГРАФ со соработникот ТАЛ СИЛБЕРШТАЈН, со еврејско потекло, кој ја дизајнира стратегијата на политичкото дејствување на ДУИ. ….И преку лаги да обезбедат диктаторска власт, која ја практикуваат низ годините.“ – Пишува потпретседателот на БЕСА, Фатмир Лимани.

Во својата објава тој пишува дека треба да се анализираат и неисполнетите ветувања на интегративците, односно како што посочува Лимани, албански премиер што не се случил, коридотот 8 кој не е реализиран, зелената агенда која не е исполнета и ред други прокети кои беа најавувани од партијата на Ахмети, а останаа само како празни зборови.
Покрај ова требало да се разгледа и казиното Аустриа, кое како што пишува потпретседателот на БЕСА, работи под сенка на НОВОМАТИКА, раководена од австрискиот ГРАФ.

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ ТРЕБА ДА СЕ ПОТЕНЦИРА:

• 40.000.000 € годишен промет од ЛОТАРИЈА!
• 500.000.000 евра годишен обрт од КАЗИНА!
• ЛИЦЕНЦИТЕ И ДОЗВОЛИТЕ ги издава Министерството за финансии и Дирекцијата за лотарија, со кои раководат функционери на ДУИ.
• ПОСЛЕ СЕТО ОВА СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊАТА:
– Зошто ДУИ го усвои Законот за легализација на ДРОГАТА?!
-Зошто ДУИ го рашири коцкањето, игрите на среќа и казината во нашата држава?!
– Каде завршуваат сите овие пари што се споменати погоре?!
– Која е точката на среќавање на функционерите, криминалците и организираниот криминал во сите овие ситуации?!“ – Пишува Лимани.

Пред десетина дена Лимани имаше слично обраќање на социјалните мрежи каде преку видео објава го пкажува раскошниот имот, за кој тврди дека му припаѓа на Али Ахмети.