Македонскиот главен град Скопје се најде на листата на 50 градови во светот кои треба да се посетат, според магазинот Форбс.

Магазинот им ги препорачува на турситите кафеаните во Дебар Маало поради автентичната храна, со живата музика, поради кањонот Матка, кој како што се наведува, не смее да се пропушти, мо и поради спомениците од Скопје 2014, кои „шарените револуционери“ и поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, сакаа да ги рушат.

Форбс препорачува „да ја посетите статуата на Александар Велики, да се качите на жичарницата или едноставно да се прошетате за да го искусите градското живеење“.

– Скопје веројатно ретко го препорачувале како место за одмор, но секако заслужува да се погледне. Дојдете овде за да најдете шармантен град кој спојува огромен број култури, фасцинантна историја, одлична храна и, се разбира, прекрасни природни пејзажи. Задолжително проверете го кањонот Матка додека сте тука или качете се со жичарницата до врвот на планината Водно за неверојатен поглед на градот. Или, ако ваши стил е повеќе да го искусите градското живеење, тогаш погледнете ја огромната статуа на Александар Велики, прошетајте низ напуштената скопска тврдина, истражете го стариот град или напијте се на кафе во едно од многуте кафулиња по улиците, се вели во објавата на Форбс.

сарена

Магазинот препорачува „задолжително проверете ја кафеаната. оти Македонија, како и многу балкански земји, е позната по кафеаната, што претставува ресторан во стил на кафуле во кој се служи првенствено кафе и алкохолни пијалоци“.

– Што и да одлучите да направите, ќе откриете дека овој град има многу повеќе да понуди од она што првично би го очекувале, пишува Форбс.

Целиот текст на Форбс можте да го прочитате ТУКА.