Украинскиот претседател Володимир Зеленски размислува за посета на Брисел, изјавија неколку претставници на Европскиот парламент за ДПА.
Вработен во институцијата за ДПА изјави за „голема веројатност“ в четврток да се одржи специјална седница на ЕП со учество на украинскиот лидер. Истиот ден се очекува европските лидери да се соберат во Брисел на состанок на Европскиот совет. Се очекува Зеленски да присуствува како гостин.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го покани Зеленски „лично да учествува на претстојниот состанок“, напиша синоќа на Твитер портпаролот на Мишел.
Портпаролот не кажа кога Зеленски може да ја прифати поканата и прецизираше дека не може да даде повеќе информации „поради безбедносни причини“.