trifonovПретседателот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов не отстапува од идејата за воведување ново вето за интеграција на Македонија во ЕУ.
Во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија тој коментираше и за, како што беше најавено, прашањето „Македонија“.
– Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов.
На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето…задолжително за нивниот влез во ЕУ“.
На дилемата што ако од Брисел не се согласат со вето, тој одговара дека пред ЕУ е бугарскиот народ и татковината, а Македонците се дел од тој народ и таа историја и потсетува дека Има таков народе и претходно гласаше против укинување на ветото.
Трифонов најави дека на изборите ќе учествува како носител на листа, но за ништо на светот не би станал министер.
Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.