Околу пладне, група од 15 до 20 луѓе почнаа гласно да викаат на галеријата за посетители со поглед кон салата.
Активистите држеа знамиња со ликот на затворениот Абдула Оџалан, еден од основачите на Курдистанската работничка партија (ПКК), милитантна група која се бореше против Турција за независна држава. Турција, САД и ЕУ ја означија ПКК како терористичка организација.
Група членови на парламентот, меѓу кои и претседателката Роберта Мецола, отишле да преговараат со активистите кои одбиле да заминат и се заканиле дека ќе скокнат од галеријата.
„Постоеше загриженост дека некој ќе се повреди како дел од протестот“, им рече Мецола на европратениците кога парламентот продолжи со работа три часа подоцна.
„Мило ми е што можам да ви кажам дека ситуацијата е решена мирно. Нема повредени и сите демонстранти сега се надвор од просториите на парламентот“, додаде таа. Мецола им се заблагодари и на колегите од Европскиот парламент кои ѝ помогнаа да ги смири демонстрантите.
🚨Happening now at the European Parliament. Kurdish activists disrupt the Plenary sitting, MEPs evacuated. Let’s hope everyone stays safe. pic.twitter.com/s1xjpeClhT
— Katalin Cseh (@katka_cseh) February 15, 2023
„Ова не е начин да се привлече вниманието на Европскиот парламент. Нема да им дадам публицитет за нивната кауза“, продолжи Мецола, критикувајќи ги демонстрантите за нарушување на демократската работа на законодавниот дом и заблагодарувајќи им се на безбедносните служби на институцијата за нивната реакција.
Сузана Цекарди, италијанска пратеничка во Европскиот парламент од екстремно десничарската партија Лига, на Твитер ја опиша безбедносната реакција на парламентот како „срамна“. Група активисти дистрибуираа летоци на кои пишуваше: „Условите во самицата, наметнати на Абдула Оџалан се единствени во светот и се против сите меѓународни конвенции за заштита на правата на затворениците“.